Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Хеџ фондовите во ноември со најлош резултат во последните 20 месеци!

9 дек. 2021 г.·2 мин читање·1102 прегледи

Следете не на Viber

Хеџ фондовите го забележаа својот најлош резултат во последните 20 месеци во ноември, по распродажбата на глобалните пазари предизвикана од загриженоста за појавата на вирусот Омикрон, според Hedge Fond Research (HFRI).

Берзата беше погодена од спирала на пад во последната недела од ноември, при што американските акции изгубија речиси 4% од својата вредност во текот на последните пет трговски сесии од месецот, по веста за нова варијанта на вирусот, пренесува Ројтерс. .

Нестабилноста на пазарите на валути и обврзници, исто така, скокна во тој период.

Композитниот индекс на фондот HFRI падна за 2,2% во ноември, што е негов најголем месечен пад од март 2020 година, кога пандемијата на корона вирусот ги погоди финансиските пазари за првпат, се вели во денешниот извештај на консултантската фирма.

На толку голем пад на фондовите за хеџ капитал, чии стратегии вклучуваат мешавина на краткорочни и долгорочни инвестиции, влијаеше фактот што веста за омикрон ги фати неподготвени.

Резултатите на HFRI се совпаѓаат со оние на другите истражувачки фирми за хеџ фондови, како што е Pivotal Pat.

Клучни зборови

  • Берза
  • хеџ-фондови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk