Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Халк Банка и Триглав Осигурување Живот со ексклузивна заедничка соработка во животното осигурување

6 мај 2021 г.·2 мин читање·1782 прегледи

Следете не на Viber

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување, со кој е дефинирана заедничка ексклузивна соработка. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката.

Во доменот на неживотното осигурување Банката и понатаму ќе ги нуди производите на Халк Осигурување АД, а со оваа нова соработка секој клиент на Банката ќе може на брз и едноставен начин и со врвно понудена услуга и услови, да дојде до полиса за осигурување согласно своите потреби и можности.

Халк Банка АД Скопје оваа година го слави својот јубилеј – 10 години на македонскиот пазар. Благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење Банката стана една од четирите најголеми банки во земјава, во категоријата системски значајни банки а со тоа и најбрзо растечката банка во Северна Македонија.

Триглав Осигурување – Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години а изминатата ја одбележа со најголем раст на премијата за животно осигурување на пазарот но и со нов препознатлив пристап со кој на клиентите им понуди нови и прилагодени производи со сеопфатни покритија но и уникатно корисничко искуство типично за една од водечките Групации во Југоисточна Европа.

Клучни зборови

  • договор за соработка
  • Животно осигурување
  • Триглав Осигурување Живот АД Скопје
  • Халк банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk