Халк Банка издава нови акции во вредност од 1.845.000.000 денари
Пари1 мин читање

Со деветнаесеттата емисија на акции Халк Банка АД Скопје ќе издаде обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари.
Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач, односно за институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на Банката- Халк банка А.Ш. Турција (Türkiye Halk Bankasi Anonim Şirketi),од Република Турција.
Халк Банка АД Скопје издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.
Редакција Пари