Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Халкбанк со нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода

26 јун. 2021 г.·2 мин читање·1714 прегледи

Следете не на Viber

Водени од мотото „Важни се луѓето“, Халкбанк секогаш воведува нови иновативни производи кои значително би им го олесниле функционирањето на клиентите, а ведно и полесно исполнување на нивните желби, бидејќи Желбите не движат!

Овој пат, Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години.
Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.

Клучни зборови

  • отрошувачки кредит со животно осигурување
  • полиса
  • Потрошувачки кредит
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk