Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ХАЛКБАНК СО АКЦИЈА ЗА ПОСАДУВАЊЕ НА НОВИ 9 200 ДРВЦА

24 мај 2021 г.·3 мин читање·887 прегледи

Следете не на Viber

Халкбанк во изминатите две години донираше над 25 000 садници низ државата.

Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години. Својата мисија за позелена планета Халкбанк ја започна уште пред неколку години и досега кај нас има донирано над 25 000 садници,но има и реализирано многубројни активности во рамките на својата платформа „HalkEco“. Во последната акција за пошумување во која учествуваа вработените на Халкбанк беа посадени 9 200 дрвца во околината на Куманово.

Платформата „HalkEco“ промовира современ, здрав и еколошки свесен начин на живот. Во средиштето на платформата е апликацијата „HalkEco“, која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 701681 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а со тоа обезбедија засадување над 8771 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 88806 килограми CO2. Мобилната апликација „HalkEco“ и нејзините 6469 корисници и натаму во континуитет овозможуваат банката од нивно име да сади уште повеќе дрвја.

„Со учеството во коалицијата ’Priceless Planet‘ само го засиливме нашиот придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. За да направиме разлика мораме да почнеме од себе, затоа ние вработените во банката земаме учество во акциите за пошумување како што беше последната во Кумановско. Постојано настојуваме банката да биде пример за одговорно и еколошки свесно однесување. Во рамките на нашето работење, практикуваме паметно селектирање отпад, користење еколошки алтернативи, како и инвестиции во подигнувањето на свеста за околината, поттикнувајќи ги вработените и нашите клиенти активно да ни се придружат. Се радуваме на секое ново дрвце, секој нов корисник на апликацијата, секој убав збор на поддршка што постојано ги добиваме. Луѓето и нивната добросостојба се во центарот на сè што работиме и затоа ќе продолжиме и натаму да ги поттикнуваме здравите навики и одговорното живеење“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Позитивните активности што ги практикуваат платформите „Priceless Planet“ и „HalkEco“ се пример за општествена одговорност. Иднината зависи од сите нас, а следејќи ги Халкбанк и нивната политика за одржлив развој, сите ќе имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја.

Клучни зборови

  • halkeco
  • Priceless Planet
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk