Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Хакери украле 600 милиони долари во криптовалути!

12 авг. 2021 г.·2 мин читање·1505 прегледи

Следете не на Viber

Хакери украле криптовалути во вредност од 600 милиони долари на дигиталната платформа „Poly Network” во најголемиот грабеж во историјата на децентрализирани финансиски платформи.

Хакерите ја искористиле ранливоста во „Poly Network”, платформа која се обидува да поврзе различни сегменти на блокчејн технологија за да можат да работат заедно, пишува „CNBC”.

„Poly Network” го откри нападот на Твитер и побара комуникација со хакерите и ги повика да го „вратат хакираниот имот“, пишува „tportal”.

Блокчејн е „книга“ на активности на кои се темелат разни криптовалути. Секоја дигитална монета има свој блокчејн и тие се разликуваат едни од други. Poly Network тврди дека може да ги организира сите овие блокчејн да работат едни со други.

„Poly Network” е децентрализирана финансиска платформа. DeFi е широк поим кој опфаќа финансиски апликации засновани на блокчејн технологија кои настојуваат да ги истераат посредниците – како што се брокерите на акции. Затоа се нарекува децентрализирана.

Заговорниците велат дека тоа може да ги направи финансиските апликации, како оние за кредити или позајмување, поефикасни и поевтини.

„Износот на пари кој го хакиравте е најголем во историјата на DeFi”, напишаа „Poly Network” во друг твит, пренесува „Seebiz”.

Откако хакерите ги украле парите, тие почнале да ги испраќаат на разни други адреси. Истражувачите од компанијата за безбедност „SlowMist“ рекоа дека криптовалутата, проценета на повеќе од 610 милиони долари е префрлена на три различни адреси.

„Poly Network” ги повика берзите на криптовалути споменатите токени што доаѓаат од адреси поврзани со хакерите да ги стават на „црната листа“.

Клучни зборови

  • крипто-валути
  • криптовалути
  • хакери
  • хакерски напад
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk