Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Форбс магазинот сега тврди: Кајли Џенер не е милијардерка

30 мај 2020 г.·2 мин читање·6175 прегледи

Следете не на Viber

 

Американското списание „Форбс“, кое во март минатата година ја прогласи 22-годишната реалити ѕвезда Кајли Џенер за најмлад милијардер во светот што заработи пари самостојно, во петокот објави дека веќе не верува дека нејзината нето вредност е толку голема.

Форбс наведува дека ги преиспитал финансиските податоци за компанијата ˶Coty˝, коja откупила 51 процент од акциите на компанијата на Џенер „Кајли козметикс“ во ноември 2019 година, со договор вреден 1,2 милијарди американски долари.  Овие финансиски извештаи покажуваат дека работењето на оваа компанија генерирало приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан. Како што наведува Форбс, бизнисот на Џенер е значително помал и помалку профирабилен од она што нејзиното семејство со години ја наведува козметичката индустрија и медиумите да веруваат.

Форбс во моментов ја проценува нето-вредноста на Џенер (22) на околу 900 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Овој факт го поништува статусот што Форбс и го додели на Џенер во 2019 година, кога ја прогласи за самореализирана милијардерка, пренесува Би-Би-Си. Терминот „самореализирана“ предизвика контроверзии, а критичарите го исмејуваа, велејќи дека потекнува од семејството на реалити ѕвездата Кардашијан.

Џенер на Твитер изјави дека сторијата е заснована на „многу неточни изјави и непотврдени претпоставки“.

„Мислев дека ова е реномиран медиум“, напишала Џенер.

Џенер, која е полусестра на Ким, Клои и Кортни Кардашијан, ја основала компанијата ˶Кајли Козметикс˝ во 2016 година.

Дознај кои 6 Руски компании на листата на Форбс се најценети [ т у к а ]

Клучни зборови

  • forbes
  • Кајли Џенер
  • форбс најбогати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk