Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Фонд за осигурување на депозити: Обештетени се 12.228 депоненти на „Еуростандард банка”

7 окт. 2021 г.·3 мин читање·4906 прегледи

Следете не на Viber

Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти.

Вкупниот износ на пресметано обесштетување изнесува 4.179.607.269 денари (68 милиони евра). Вкупен износ на депоненти – физички лица со право на обесштетување изнесува 137.111 депоненти.

Вкупниот износ на исплатено обесштетување заклучно со 30 септември 2021 година изнесува 3.743.319.505 денари (60 милиони евра).

Во категоријата на депоненти со износ на депозити од 1.200.000 до 1.850.889 денари (до законски утврдениот праг на обесштетување) исплатени се 1.286 депоненти во вкупен износ од 2.185.153.233 денари (35 милиони евра) или 97,83% од депонентите кои припаѓаат на оваа категорија.

Најголем процент (99,76%) од неисплатените депоненти припаѓаат на категоријата – депоненти со депозити до 100 денари. Во оваа категорија припаѓаат 69.598 депоненти (или 50% од вкупниот износ на депоненти со право на обесштетување).

Исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај се одвива непречено преку четири банки исплатувачи: Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје. Исплатата преку банките исплатувачи се одвива на следниот начин:

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д се исплаќаат во експозитурите на „Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш  се исплаќаат во експозитурите на „Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Македонија.

Исплатата преку банките исплатувачи ќе се извршува до 15 септември 2023 година. По овој рок, исплатата ќе продолжи да се реализира преку Фондот за осигурување на депозити.

Преку Фондот за осигурување на депозити се реализираат и исплати на обесштетување на починати депоненти согласно наследни решенија.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка
  • обесштетување
  • Фондот за осигурување на депозити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk