Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојЛични Финансии

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023

30 ное. 2022 г.·3 мин читање·742 прегледи

Следете не на Viber

За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари.

Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од kомисиите за распределба на стипендии, во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

За учебната 2022/2023 година Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која ја доделува Фондацијата дванаесетта година по ред за првенците на генерациja на двата факултети, годинава им припадна на Филип Горачинов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,19) и на Стефан Неделкоски од Медицинскиот факултет (со просек 10,00), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во мај 2007 година ја формиравме Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ со една единствена цел: да биде додадена вредност на македонското здравство и фармација. За 15 години постоење, стипендирани се 619 студенти по фармација и медицина на државниот универзитет во Скопје, доделени се 24 еднократни парични награди на првенци на генерациите на двата предметни факултети, за кои активности инвестирани се близу 120 милиони денари. До денес, 97 стипендирани студенти ги отпочнале своите кариери во фармацевтските оддели на ‘Алкалоид’. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, програмите за практикантство,  за парцијално-дуално образование и слични проекти се насочени кон подигање на квалитетот на образовниот процес, стимулирање на студентите кон повисоки достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни професионалци. Нашите операции се комплексни и засновани на научни методи, а за нив потребни се стручно профилирани кадри. Благодарение на високата селективност при регрутирањето и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес конкурентно и достоинствено се носиме на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Почнувајќи од 1 ноември 2022 година, во согласност со одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, износот на стипендијата, наместо досегашните 6.500 денари, ќе изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и ќе се засметува линеарно на постоечките и новите стипендисти.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е „Алкалоид“ АД Скопје, е формирана за целите на поддршка на проекти од сферата на фармацијата, медицината и науката, пред сѐ преку стипендирање млади, амбициозни кадри кои својата кариера им ја посветиле токму на овие дејности.

 

Клучни зборови

  • алкалоид ад скопје
  • Живко Мукаетов
  • Стипендии
  • ФОНДАЦИЈАТА ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk