Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Фич”: Стабилноста на денарот овозможува одржување на макроекономската и финансиската стабилност

30 апр. 2022 г.·2 мин читање·657 прегледи

Следете не на Viber

Кредитната рејтинг агенција Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава  ББ+. Во извештајот се наведува дека ваквата оцена е поткрепена со кредибилните и конзистентни политики, поддржани од долгогодишната стабилност на девизниот курс на денарот. 

„Фич” нотира дека соодветното ниво на девизни резерви, овозможи задоволување на потребната девизна ликвидност на почетокот на 2022 година. Девизните резерви се оценува дека ќе останат стабилни и понатаму, и соодветни да ја одржуваат стабилноста на денарот. Дополнително, во извештајот притисоците врз билансот на плаќања се оценуваат како привремени, а ризиците во надворешниот сектор се намалени со оглед на постојната можност за користење девизна ликвидност преку репо-линија кај Европската централна банка.

Во извештајот е посочено дека влијанието од руско-украинскиот конфликт ќе се почувствува преку зголемување на нивото на домашните цени под влијание на повисоките увозни цени на енергентите и прехранбените производи со оглед дека тие сочинуваат над 50% од потрошувачката кошничка. Народната банка започна со внимателно „нормализирање” на олабавениот карактер на монетарната политика преку зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени. На тој начин, ќе се овозможи стабилизирање на инфлациските очекувања како и засилување на преференциите на граѓаните кон домашната валута.

Од „Фич” оценуваат дека банкарскиот сектор остана силен покрај пандемискиот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување” на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата во текот на 2021 година. Притоа, рејтинг-агенцијата констатира соодветна капитализараност и профитабилност на банкарскиот систем, и солиден квалитет на кредитното портфолио. Следствено, банкарскиот систем е во добра кондиција за да продолжи да овозможува силна кредитна поддршка на економијата, што се потврдува и со податоците на почетокот на 2022 година. Во таа насока, рејтинг-агенцијата очекува економски раст на македонската економија, иако поскромен во однос на растот остварен во текот на 2021 година.

Клучни зборови

  • девизни резерви
  • Фич
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk