Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ФИТР: МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ Е НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ

4 дек. 2020 г.·2 мин читање·1811 прегледи

Следете не на Viber

Фонд за иновации и технолошки развој и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија- Стартап Македонија, потпишаа Меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка.

Договорот подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата.

„Развојот на македонскиот стартап екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Р.Северна Македонија како стартап хаб во регионот.“, изјави Коста Петров директор на ФИТР.

Соработката меѓу ФИТР и Стартап Македонија меѓу другото вклучува и дигитализација на стартап екосистемот и транспарентно достапни податоци, подобрување на законската регулатива за стартап компаниите  и нивниот пристап до странски пазари.

Претседателот на Асоцијацијата Дејан Алексовски, посочи државата и стартап заедницата мора да соработуваат заедно, за да се случат реално потребните промени за подобар екосистем.

„Со ФИТР  ја продолжуваме, и со овој Меморандум интензивираме соработката во интерес на стартапите. Успешен стартап екосистем не се гради преку ноќ но ме радува дека постои волја, сериозно да се пристапи кон решавање на многуте предизвици за да се креираат, развиваат, и растат успешни стартап приказни од Македонија”, рече Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.

Портофолиото на ФИТР брои 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра.

Во продолжение е линк до видео презентација од потпишувањето https://wetransfer.com/downloads/4c583ecacb152f268f44d7e5670cdac920201204095414/f9144785856b76c89ce2d88f2678d12c20201204095427/f7cda

Клучни зборови

  • Асоцијацијата на стартап заедницата
  • Меморандум за соработка
  • Стартап Македонија
  • Фонд за иновации и технолошки развој
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk