Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојЛични Финансии

Финансиски навики кои треба да ги смениме

16 мар. 2020 г.·2 мин читање·119 прегледи

Следете не на Viber

Живееме во општество во кое генерално трошењето пари се асоцира со зрелост и независност. Без разлика дали тој склоп на размислување е неодамна оформен, или е наследен од претходни генерации, во одредени околности влијае на сите нас. Секое возрасно лице има стекнато одреден број на навики кои му го прават паричникот „потенок.” Првиот чекор кон елиминирање на овие навики е развивање на свесност околу самите навики. Свесност дека доколку ги идентификуваме и елиминираме, практично со тој процес можеме да „заработиме” пари.

  1. Често нарачување на алкохол во кафулиња. Просечната цена на алкохолни пијалоци во супермаркетите, на долг рок се намалува. Додека истата просечна цена во кафулињата, како и во баровите и дискотеките се зголемува. Начинот на кој општеството гледа на конзумирање алкохол во социјални средини, влијаел за оформување на потребата истиот да биде редовно конзумиран, без разлика на постепено растечките цени од местото каде што се нарачува. Во суштина, сите треба да се освестиме дека зрелоста и независноста немаат никаква реална корелација со алкохолот.
  2. Прекумерно трошење за време на викендот. Истражувања во сите држави, укажуваат на фактот дека луѓето имаат тенденции да трошат многу повеќе за време на викенд, споредебено со работен ден. Дури и во неразвиените земји, луѓето сметаат дека не се социјализираат доволно за време на работни денови, и влегуваат во друг склоп на размилување во текот на викендот.
  3. Носење целосно различни облеки за било какви прилики. Маркетинг агенциите агресивно се фокусираат на женската популација, убедувајки дека не смеат да бидат здодевни со носење на иста облека два пати. Списанијата ги мотивираат жените да имаат посебен изгледа преку ден, и посебен изглед навечер.
  4. Прекумерно трошење за време на одмор. Со развојот на технологијата, релаксирачките денови поминати во друга држава се често прикажани на социјалните медиуми. Луѓето осеќаат притисок и како резултат на тоа, имаат тенденции да плаќаат за луксузни услуги кои не им се вистински потребни. Производите во аеродромите продаваат секојдневни производи кои можат да бидат до 3 пати поскапи доколку истите се купени во супермаркет.

Клучни зборови

  • личен развој
  • мотивација
  • навики
  • трошење
  • финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk