Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Фершпед со зголемена добивка од 1,2 милиони евра

3 ное. 2021 г.·2 мин читање·824 прегледи

Следете не на Viber

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.-30.09.2021 година.

Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2021 година изнесува 76.807 илјади денари и истата е зголемена за 68% во однос на добивката во 2020 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.345.811 илади денари и истите бележат зголемување за 53% во  однос на вкупните приходи остварени во истиот период  минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.341.891 илјади денари и се зголемени за 53% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2020 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Вкупните расходи остварени во период јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.265.734 илјади денари и истите бележат зголемување од 53% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.265.084 илјади денари и истите се зголемени за 53% во однос на оперативните расходи од 2020 година.Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 73.359 илјади денари што пoкажува зголемување на истата во однос на добивката од минатата година.

Клучни зборови

  • добивка
  • трет квартал
  • Фершпед
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk