Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Фероинвест“ го заврши проектот во Грузија – пуштена во употреба и третата хидроелектрана

25 јул. 2022 г.·2 мин читање·2043 прегледи

Следете не на Viber

Хидроелектраната „Накра“ во Грузија, трета по ред од проектот на „Фероинвест“ за овој пазар, започна со производство на електрична енергија. ХЕ „Накра“ е со инсталирана моќност од 11,7 MW со предвидено годишно производство од 45 GWh електрична енергија.

Заедно со претходните два проекти, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, пуштена е во работа опрема со инсталирана моќност од 20MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 82 GWh.

„За секоја од овие хидроелектрани ’Фероинвест’, како водечка компанија од областа на индустријата за обновлива енергија, изработи основни проекти за изградба вклучувајќи повеќе фази како што се  архитектура, градежништво, машинство и електрика. ’Фероинвест’ ја проектираше и изработи електро-машинската опрема вклучувајќи турбини, генератори, трансформатори, среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари,“ изјави проект менаџерот Филип Андрески, раководител на секторот Развој.

Освен проектирањето и изработката, „Фероинвест“ беше задолжен и за транспорт и монтажа на електро-машинската опрема, испитување на истата, пуштање во работа и изработка на SCADA систем за мониторинг на сите три хидроелектрани.

„Знаењето, мотивираноста и посветеноста на тимот составен од инженери и техничари како од областа на машинството и електриката така и од архитектура и градежништво, направија овој проект и покрај големите предизвици, успешно и навремено да биде завршен. По успешното пуштање во работа, ’Фероинвест’ врши мониторинг на електраните во текот на гарантниот рок. Целиот SCADA систем за мониторинг на енергетски објекти е дело на младите и амбициозни инженери вработени во Групацијата ’Фероинвест’. Во SCADA центарот се врши мониторинг и управување на голем број енергетски објекти во нашата држава, но и во странство. Покрај хидроелектраните, се врши мониторинг и на фотоволтаични и биогасни електрани,“ истакна Андрески.

Изградбата на трите хидроелектрани во Грузија е проект финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и стручноста на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети.

 

Клучни зборови

  • Грузија
  • проект
  • Фероинвест
  • хидроелектрана
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk