Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Фармацевската компанија Реплек се приклучи на иницијативата – СЕКОЕ КАПАЧЕ Е ВРЕДНО

14 јул. 2022 г.·2 мин читање·10718 прегледи

Следете не на Viber

Како општествено одговорна компанија Реплек денес го даде својот придонес донирајки 50 килограми пластични капачиња кои беа собрани од страна на вработените и со тоа ја поздрави и се приклучи на иницијативата – „Секое капаче е вредно“.

Со ова хумано дело Реплек направи чекор и покажа како една компанија  ги негува вистинските врдности. Со ова дело тие даваат пример за општествено одговорно однесување на една компанија, а нивната заложба е само пример како останатите компании треба да се однесуваат и постапуваат.

Капачињата се собирани во последнава година, на иницијатива на нашите вработени во ИТ. Од таму започна целата приказна. Се приклучивме сите, а колку сериозно си ја сфативме задачата, говори и податокот што дел од капачињата се носени од одмори на колегите. Подолг период баравме соодветна намена и среќни сме што можеме да бидеме дел од приказната на Активирај се навреме. Веруваме дека сите можеме да креираме и да допринесеме за добросостојба на сите нас, секаде каде што е потребно. Продолжуваме со собирање и со поголеми предизвици! Изјавија од Реплек.

Оваа иницијатива е исклучително значајна, бидејќи крајната цел е помош за најмалите. Навистина ни е многу драго што Реплек ја препознаа добрата идеја и одлучија да се приклучат и да дадат свој придонес во овој проект. Тие го направија првиот чекор како компанија, се надеваме дека ова нивно хумано дело ќе ги мотивира и останатите компании да се активираат веднаш и заднички да собереме што поголем број на пластични капачиња. Бидејќи колку повеќе капачиња собираме, толку повеќе детски насмевки ќе имаме. – изјавија од Активирај се навреме.

За потсетување, националниот хуманитарно-еколошки проект „Секое капаче е вредно“ има за цел  да се активираат што поголем број на компании и граѓани со цел да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку логистичкиот парнер на кампања “Пакомак“ а собраните средства кои ќе се обезбедат од откупот на капачиња заедно со финасиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реконструкција на детските одделенија во целата држава.

Клучни зборови

  • credissimo
  • Иницијатива
  • Реплек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk