Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

ФАО ПРЕДУПРЕДУВА: Прекумерниот риболов значи катастрофа за земјите од Западна Африка

13 фев. 2022 г.·3 мин читање·1048 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за храна на ОН предупреди дека „преголемата експлоатација“ на рибите во западна Африка од растечката глобална индустрија за рибино брашно и рибино масло има „значително негативно влијание“ врз безбедноста на храната, поткопувајќи ја способноста на локалните заедници да се прехранат.

Во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) се вели дека во Сенегал, каде што се отворија уште три огромни фабрики за рибино брашно меѓу 2015 и 2019 година, индустријата „многу веројатно го зголемува ризикот“ од прекумерна експлоатација на сардинелата и бонгата, две пелагични риби од кои зависат заедниците, пишува Гардијан.

Во Уганда, каде што фабриките главно се потпираат на видови риби што ги јадат посиромашните заедници, индустријата директно се натпреварува со „најсиромашните потрошувачи“, се вели во извештајот, што ја прави цената на рибата недостапна. ФАО претходно побара итно да се преполови уловот на видовите сардинела.

Д-р Алиу Ба, постар активист за океаните во Гринпис Африка, рече: „Ние се движиме кон катастрофа и еве го доказот. Луѓето овде се соочуваат со зголемени цени на храната и катастрофална невработеност“.

„Западноафриканските влади создадоа економски модел кој им користи на богатите во економиите во развој, а не на нашите сопствени луѓе“, рече тој. „Западноафриканските држави треба да се ослободат од овие деструктивни индустрии и да ги преземат своите одговорности за да ја зачуваат безбедноста на храната, работните места и благосостојбата на населението“.

Минатиот октомври, активистите на Гринпис пресретнаа танкер долг 96 метри во Канал кој превезуваше рибино масло од западна Африка до Европа, за да ја истакнат заканата што индустријата ја претставува за безбедноста на храната и егзистенцијата во регионот.

Извештајот на ФАО се фокусираше на девет земји, заклучувајќи дека иако секторот нуди некои економски можности, неговите „социјални придобивки остануваат ограничени“. Во Сенегал, јазот помеѓу понудата и побарувачката за риба се предвидува да достигне 150.000 тони годишно оваа деценија, што ќе предизвика раст на цените.

Индустријата создава вработувања во фабриките и мелниците. Сепак, многу од работните места се несигурни, привремени и не секогаш вработуваат локални луѓе – на пример, во Мавританија, вработените во индустријата беа главно од Кина и Сенегал.

Во Сенегал, фабриките за рибино масло и рибино брашно вработија 129 постојани и 264 привремени вработени во 2018 година – споредено со 600.000 работници во секторот за занаетчиски риболов.

Речиси целото количество хранлива смеша добиена од риба позната и како рибино брашно, произведена во Конго, Гамбија, Мавританија и Сенегал се извезува во Кина и Турција, од каде главно доаѓаат сопствениците и инвеститорите во западноафриканските фабрики и индустриските риболовни флоти, се вели во извештајот.

На глобално ниво, 69% од рибиното брашно и 75% од рибиното масло се користат за исхрана на одгледувани риби како што се лососот и пастрмката.

Клучни зборови

  • Западна Африка
  • Прекумерен риболов
  • риболов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk