Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

Илија·10 ное. 2022 г.·3 мин читање

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден.

За да го поддржи и одбележи месецот посветен на борба против ракот на дојка, Credissimo спроведе хуманитарна акција ,,Да донираме заедно”, во која ги повика да се вклучат сите општествено одговорни граѓани, кои со само еден коментар на нивен пост на социјалните мрежи донираа по 50 денари. Сумата од сите коментари, во вкупен износ од 60.000 денари, Credissimo ја донираше на невладиното Здружение ,,Езра”, кое поттикнува иницијативи за развој во здравството и за подобрување на здравствените услуги. Собраните средства се за активностите на здружението ,,Езра” кое има за цел да ги подобри здравствените услуги и да ги застапува онколошките пациенти. Ваквите иницијативи се круцијален дел за зголемување на општествената свест кај граѓаните.

Како дел од оваа кампања, а со цел да се подигне свеста за важноста од редовни прегледи и контроли, навремено барање лекарска помош, како и да се едуцираат жените за превенцијата и лекувањето, Credissimo организираше мамографски преглед за сите жени вработени во компанијата.

На годишно ниво, во последните 5 години се дијагностицирани 7,8 милиони случаи на рак на дојка кај жените. Раното откривање на ракот на дојката е најдобра превенција и претставува клучен дел за успешно лекување.

Ова не е прва акција на Credissimo, која како општествено одговорна компанија постојано се залага и вложува во кампањи за поддршка и развој на здравствениот систем во Македонија. Здравјето и здравствената свест треба да бидат еден од главните приоритети за сите поединци и компании, како би се изградило цврсто, стабилно и функционално општество.

Имајќи предвид дека борбата со ракот на дојка како и другите видови на рак, не завршува со крајот на октомври како светски месец за рак на дојка, средствата од донацијата ќе бидат наменети за повеќе клучни активности кои  ги организира нашето здружение во рамките на овогодишната програма на кампањата.

Подигнувањето на свеста за важноста за раното откривање на ракот на дојка е клучно, но исто така е многу важно обезбедување на директна поддршка за новооперираните пациентки од рак на дојка и лобирање за обезбедување на подобрени услуги и пристап до терапии за сите пациенти кои се борат со оваа болест. – изјави Емануела Додева претседателка на здружение ,,Езра”.

 

Клучни зборови

  • credissimo
  • борба против ракот на дојка
  • Да донираме заедно”
  • хуманитарна акција
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk