Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Уставниот суд денеска одлучува за иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард банка

21 апр. 2021 г.·2 мин читање·797 прегледи

Следете не на Viber

Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи” во пресрет на денешната седница на Уставниот Суд ги охрабрува уставните судии да одлучуваат само врз основа на устав и закон.

-Не се определувајте за лоби групите кои ви наметнаа некаков “судир на интереси”, затоа што Вашите и нашите вредности се совпаѓаат, ние го бараме тоа што Вие го штитите-уставноста и законитоста. Не бараме ништо друго, ниту сугерираме како да одлучите, затоа што тоа е дел од Вашата работа, но воедно, одлуката не е само Ваша професионална обврска, туку таа е дел од Вашиот морален кодекс и личен дигнитет. Нашата верба е само дека правдата е на наша страна, иако знаеме дека постои моќно банкарско лоби на кое до уставноста и законитоста му е колку до ланскиот снег.  Затоа велиме, ние сакаме да ја добиеме битката затоа што сме во право и правдата е на наша страна, но немојте да не предизвикувате со работи за кои не веруваме дека преку нив и на таков начин функционира системот кај нас. Еднаш рековме, и повторуваме, не сме наивни, имаме и дрги адути, но сепак веруваме дека правдата-уставот и законите, се средства за реализација на нашите правата.Банките нека бидат спокојни, банкарскиот систем како јавен интерес, може само и единствено да биде стабилен доколку се заштитува со владеење на правото, велат оштетените штедачи.

Клучни зборови

  • Еуростандар банка
  • оштетени штедачи
  • уставен суд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk