Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан

16 дек. 2021 г.·2 мин читање·108 прегледи

Следете не на Viber

УСАИД одржа регионална конференција за зајакнување на прекуграничната соработка во регионот на Западен Балкан и на ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТА Неделата 2021 година, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Македонија.

– Учесниците од земјите на Западен Балкан и ЦЕФТА разговараа за напорите за подобрување на регионалното економско интегрирање како начин за поттикнување на економскиот раст низ целиот регион. Дискусиите се фокусираа на глобалните стандарди и најдобрите практики за воспоставување на заеднички гранични премини и заеднички контроли, кои ќе го забрзаат времето потребно за движење на стоките преку граница. Зголемувањето на ефикасноста на трговијата низ регионот помага да се изградат посилни, поодржливи и подобро поврзани економии, со што се отвораат поголеми економски можности и се подобруваат животите на граѓаните, информираат од УСАИД.

На присутните им се обратија претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија Ерик Јановски, директорката на Царинската управа на Македонија Славица Кутиров, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек и претставничката на Групацијата на Светска банка Виолејн Конар – Лиси.

– Олеснувањето на прекуграничната трговија во регионот ќе им помогне на локалните бизниси да се прошират, ќе го поттикне претприемништвото и ќе создаде повеќе можности за секого – без разлика дали живеете во Македонија или Молдавија, рече Ерик Јановски, претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија.

Конференцијата беше организирана од Проектот на УСАИД за економски развој, владеење и раст на претпријатијата (EDGE), кој работи со владите и приватниот сектор за да создаде инклузивен, одржлив економски раст во Европа и Евроазија и да ја поддржи интрарегионалната и евроатлантската интеграција.

Клучни зборови

  • УСАИД
  • ЦЕФТА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk