Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Уни банка бележи пад на добивката од 392 илјади евра за шест месеци

3 авг. 2021 г.·3 мин читање·3398 прегледи

Следете не на Viber

Во првото полугодие од 2021 година, Уни банка иако успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси банката сепак забележа поголем пад кај добивката за овој период. Според билансот на успех објавен на Македонска берза, оваа банка забележала добивка од 1,7 милиони евра за шест месеци. Лани пак за истиот период профитот на банката изнесувал 2,1 милион евра што е помалку за околу 392 илјади евра.

Во соопштението на Берза стои дека во овој период Банката продолжила со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.

-Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените, се вели во извештајот.

Во првото полугодие од 2021 година, Банката нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.

Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од  2021 година изнесуваат 826,6 милиони денари  и во однос на минатата година бележат зголемување  од  7.15%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 107,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 63% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 7,23%, а  анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 31%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти.

Остварените расходи во првото полугодие од 2021 година изнесуваат 719 милиони денари и бележат зголемување од 12,4% во однос на истиот период од  2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Во првото полугодие од 2021 година, банката нема исплатено дивиденди.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 2% во однос на 31.12.2020.

Обврските по кредити во првото полугодие од 2021 година се намалени за 15% во однос на  31.12.2020 година.

Клучни зборови

  • извештај шест месеци
  • намалена добивка
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk