Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Унит Линк Производот на Триглав Осигурување Живот- одлична можност за животно осигурување со инвестирање во удели во инвестициски фондови

7 фев. 2022 г.·2 мин читање·3257 прегледи

Следете не на Viber

Денес, животното осигурување е реална потреба за да можеме да одговориме на сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот. Покрај тоа што животното осигурување овозможува финансиска заштита и безбедност на нашите најблиски во случај на несакани настани, истовремено ни помага да бидеме подготвени за идни значајни случувања како: план за образование на деца, сигурни пензиски денови, инвестиција во недвижнини и слично.

Освен полисите за осигурување на живот со штедење, можноста истовремено да се инвестира во удели на инвестициски фондови преку животното осигурување е одлична можност за корисниците кои имаат јасно поставени цели за иднината.

Триглав Осигурување Живот во своето портфолио на продукти понуди нов, атрактивен Унит Линк производ кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови. Унит Линк претставува производ кој прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

“Унит Линк производот го креиравме со цел клиентите да имаат можност и слобода сами да ги избираат условите. Тоа е една од најголемите придобивки на производот односно клиентите сами ја избираат висината на годишната премија, периодот на осигурување како и висината на загарантираната осигурена сума. Осигурувањето може да се склучи на период од 3 до 20 години што нуди одлична можност за инвестиција на краток или подолг временски период согласно личните потреби и планови на клиентите. Во случај на смрт на осигуреникот, кон корисниците се исплаќа избраната осигурена сума и моменталната вредност на инвестиционата сметка.  Во случај на доживување, се исплаќа вкупната вредност на инвестициската сметка при завршување на договорот за осигурување. Овој производ е особено атрактивен за клиенти кои се подготвени да инвестираат со цел остварување на повисок принос а притоа да имаат и полиса за животно осигурување.”- велат од Триглав Осигурување Живот.

Покрај основното осигурување на живот со инвестирање во удели, овој производ нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај или тешко болни состојби.

Триглав Осигурување работи со инвестициски фондови кои имаат силно портфолио и долгогодишно искуство на македонскиот пазар.

За повеќе информации,

📞 02 5102-201

ponuda@triglavzivot.mk

Клучни зборови

  • Животно осигурување
  • Триглав Осигурување Живот
  • Унит линк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk