Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Универзитетот Харвард го зголеми богатството на 53,2 милијарди долари

17 окт. 2021 г.·2 мин читање·2792 прегледи

Следете не на Viber

Универзитетот Харвард, веќе најбогатиот во светот, вчера соопшти дека во фискалната година која заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари.

Универзитетот го оствари зголемувањето на профитот, кое неговите службеници го нарекоа „извонредно”, со инвестирање во приватниот и јавниот сектор.

Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по пандемиската криза, универзитетот соопшти дека остварил профит од 7,3 проценти.

Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Харвард Менаџмент Компани (ХМЦ), Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестираше во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година.

Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведе дека Харвард ризикувал многу помалку во изминатите години отколку другите универзитети.

– Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично би ја зголемила заработката на ХМЦ, нагласи Нарвекар.

На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) оствари 56 проценти профит оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Универзитетот Браун со 52 проценти добивка на 6,9 милијарди долари.

Клучни зборови

  • Харвард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk