Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

УНИБАНКА ИЗВЕСТУВА ЗА ИСПЛАТА НА ЈАНУАРСКИТЕ ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

29 јан. 2023 г.·2 мин читање·340 прегледи

Следете не на Viber

УНИБанка, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека банката овозможи исплатата на пензијата за месец јануари, на трансакциска сметка да биде на 30-ти јануари (понеделник) 2023 година.

Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 30-ти јануари (понеделник) 2023 година, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 30-ти Јануари (понеделник) 2023 година секој работен ден во експозитурите на Банката.

Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

  • Во понеделник, на 30.01.2023 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 31.01.2023 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 01.02.2023 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 02.02.2023 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Во случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот, посочуваат од банката.

За да се избегнат блиски контакти, ги повикуваме пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите, апелираат од банката.

Клучни зборови

  • унибанка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk