Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Ударот на берзанското ѕвоно од претседателот Киро Глигоров пред 25 години го означи почетокот на Македонска берза

26 мар. 2021 г.·2 мин читање·1502 прегледи

Следете не на Viber

“На 28 март 1996 година започна со работа Македонската берза АД Скопје. Со ударот на берзанското ѕвоно од страна на првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров, се означи почетокот на првиот ден на тргување на првата берза на овие простори. Од овој датум во Македонија добивме организиран пазар каде најпрвин физички, а потоа и електронски, во точно определено време и според точно определени правила се тргува со различни финансиски инструменти, пред се со акции и обврзници”, информираат од Македонска берза по повод 25 години ефикасно опстојување.

Од берзата велат дека оваа година се одбележува 25 години од почетоците на Македонска берза, период во кој како што велат, изградиле ефикасен, сигурен и транспарентен пазар на хартии од вредност којшто прерасна во значаен чинител и интегрален дел на нашиот финансиски систем.

-Воедно, Македонска берза, и покрај нејзината објективно мала големина, се стекна со висок рејтинг во поширокиот регион и иницираше и учествуваше во многу проекти со цел поголема регионална интеграција на пазарите на капитал. Одбележувајќи го нашиот 25-годишен јубилеј, сметаме дека слободно можеме да кажеме дека изминативе години сме ја споиле напорната работа и успехот како крајна цел. Затоа што успехот не се раѓа сам – тој се создава, посочуваат од таму.

Клучни зборови

  • 25 години
  • Киро Глигоров
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk