Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТЦ ,,РАМСТОР МОЛ” СТАНУВА ВИП ТРГОВСКИ| Адемоски: Ова ќе биде моето животно ремек-дело

30 ное. 2021 г.·2 мин читање·13382 прегледи

Следете не на Viber

Трговскиот центар ,,Рамстор Мол” ќе стане ВИП трговски и во него ќе се продаваат најексклузивните брендови во земјава, за порталот ,,Пари” открива сопственикот Ајдован Адемоски.

Реновирањето на ТЦ ,,Рамстор Мол” ќе започне за еден месец, од јануари наредната година. Поради својата компактност, ТЦ ,,Рамстор Мол” важеше за еден од омилените трговски во главниот град, но дел од продавниците кои се затворија изминатиот период го подгреаа интересот кај граѓаните за иднината на овој трговски, особено по отварањето на уште еден мол.

Адемоски најавува дека ТЦ ,,Рамстор Мол” всушност ќе стане најубавиот трговски во земјата. Во плановите што ги откри за ,,Пари” посочи и дека на отворениот паркинг ќе се градипо дземен паркинг.

-Реновиораниот ТЦ ,,Рамстор Мол” ќе биде моето животно ремек-дело. Тоа ќе биде трговски со најексклузивни марки ВИП Трговски. На отворениот паркинг ќе се гради подземна гаража на три нивоа. Над него ќе има зеленило. Самата зграда на трговскиот ќе има уште еден кат каде што ќе бидат деловни канцеларии, а на кровот повторно ќе има зеленило. На приземје ќе бидат најлуксузните брендови, додека на првиот кат ќе бидат застапени брендови на ниво на Котон, информираше Адемоски.

Сопственикот на трговскиот вели дека веќе е преговарано и се пред потпишување на договор за влез на два нови поексклузивни брендови на пазарот, станува збор за европски брендови. Ваики ќе се прошири со Ваики Хоме, Спорт Вижн ќе вклучи уште една марка на спортска облека. Во горниот кат ќе има уште еден нов бренд на детска облека.

-Трговскиот ќе добие и нова фасада и заедно со Лимак во позадина ќе биде еден од најубавите делови во градот Центар во центар, истакна Адемоски.

Реновирањето на ТЦ ,,Рамстор Мол” се очекува да заврши во средината на 2023 година, негде мај месец. Во меѓувреме и додека трае реновирањето трговскиот ќе остане отворен за потрошувачите.

Редакција Пари

 

Клучни зборови

  • вип трговски
  • реновирање
  • тц рамстор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk