Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Тутунски комбинат АД Прилеп прокнижи добивка во износ од 2.6 милиони денари

30 јул. 2022 г.·2 мин читање·2396 прегледи

Следете не на Viber

Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2022-30.06.2022 покажува добивка во износ од 2.646 илјади денари. Споредбено со претходната  2021 година   во истиот период,  исто така имаме позитивен финансиски резултат.

  • Оперативните приходи се зголемени за 38% во однос на  претходната 2021 година.

Причината за ова зголемување на оперативните приходи е резултат на  дел реализирана продажба на откупениот тутун. Во нредниот период ќе следува  продажбата на останатата количина.

  • Оперативните расходи се зголемени за 17% односно од 595.110 илјади денари на

697.357  илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“. Трошоците за вработените се зголемени за 20% во однос на претходниот период.

  • Финансиските приходи се зголемени од 17.720 илјади денари на 18.461 илјади денари.
  • Финансиските расходи изнесуваат 20.768 илјади денари, што претставува

намалување за 21% во однос на претходниот период, кога изнесувале 26.235 илјади денари.  Ова намалување на финансиските расходи се должи пред се на намалување на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва  и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

  • Оперативна добивка за периодот 01.01.2022 – 30.06.2022 година изнесува 2.646 илјади денари наспроти оперативната добивка од претходниот период во износ од 3.475 илјади денари.

Промени во кредитните задолжувања

  • Обврските на друштвото по основ на краткорочни кредити се зголемени  во однос на претходната година  од 446.405 илјади денари на 767.363  илјади денари.
  • Обврските на друштвото по основ на долгорочни кредити се намалени во однос на претходната  година од 319.604 илјади денари на 306.391 илјади денари.Тоа е резултат на затворање на дел од долгорочните кредити.

 Исполнување на планот и очекувања за престојниот период

  • Друштвото ги исполнува планираните параметри и очекува оваа тенденција да продолжи, така што во нредните квартали се планира да се реализира целосна продажбата на откупениот тутун,тоа за нашата фирма ќе значи остварени повисоки приход и позитивни финанансиски резултати.

Клучни зборови

  • Тутунски комбинат АД Прилеп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk