Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Турски инвеститори во посета на Новаци, да вложуваат во капацитети од лесна незагадувачка индустрија

16 ное. 2021 г.·3 мин читање·539 прегледи

Следете не на Viber

Претставници од Стопанската комора за трговија и индустрија Сакариа , Турција остварија средба со градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, и го изразија својот интерес за отворање на претставништва и производни капацитети од лесна незагадувачка индустрија во Индустриската зона Новаци.

„Разговаравме со гостите од Турција за можностите за инвестирање во Општина Новаци. Му ја претставив нашата Индустриска зона во Новаци која всушност беше и мое предизборно ветување при што се договоривме до март да добиеме точни информации за потенцијалните инвеститори и од која област ќе бидат за да можеме да ги средуваме урбанистичките документации, да ја подготвуваме инфраструктурата и сл. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Гостите од Турција водат потекло од Македонија некои од Битола, од Прилеп, други од Дебар. Велат ги влечат корените и сакаат да направат нешто повеќе за Македонија, да го поттикнат локалниот економски развој на овие предели.

„Местоположбата на Општина Новаци ние доста интересно особено близината со грчката граница, лесниот пристап до пристаништето во Солун, нешто што нас како инвеститори и бизнисмени кои сакаме производството да го прошириме кон Европа ние многу важно. Сакаме да отвориме производни погони за земјоделски машини, каучук, пластични шишиња, железарија,контејнери за превоз, камп приколки и сл. индустрија која не загадува за што првично ќе ни се потребни парцели кои ќе зафаќаат околу 10 хектари. “ рече Ахмет Копрулуоглу, сопственик на компанија за каучук, трговија и рециклирање  Атaлас Каучук.

Гостите најавија и можност за соработка и збратимување со Адапазари град кој брои 1,2 милион жители како и посета и соработка со Црвената полумесечина.

„ Сакаме да ја прошириме нашата соработка и со Адапазари кој е град со милионско население но сепак има многу можности за соработка со Општина Новаци а секако тоа истото може да се направи и со Црвената полумесечина во Анкара. “ рече Тансу Узин, советник на градоначалникот во Адапазар и сектор за финансиска контрола при Црвената полумесечина во Анкара.

Заинтересираните турски инвеститори упатија покана до градоначалникот Стевановски  во периодот април –  мај да ја посети нивната Стопанска Комора во која членуваат 6000 фирми со 35 различни области на делување, и да иствари директна средба со потенцијалните инвеститори, а исто така да ја посети нивната индустриска зона Адапазари која се наоѓа во близина на Истанбул.

Клучни зборови

  • Општина Новаци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk