Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Турската лира зајакнува, но Светска банка ја намали прогнозата за економски раст

13 јан. 2022 г.·2 мин читање·1323 прегледи

Следете не на Viber

Турската лира го продолжи својот нагорен тренд, за разлика од минатомесечниот неконтролиран пад, но Светска банка ја намали прогнозата за економски раст на земјата, објави Ројтерс.

Според британската агенција, за еден долар во раното тргување на берзата во Истанбул можело да се добијат 13,73 лири, а потоа курсот се стабилизирал на 13,79 лири.

Делумно благодарение на инвентивните мерки на регулаторите на пазарот, кои помогнаа да се смири валутната криза што избувна кон крајот на минатата година, турската валута се одржуваше во опсег од 13,70 до 13,94 лири за долар во текот на изминатата недела.

Во текот на 2021 година лирата загуби 44 отсто од вредноста во однос на доларот, а минатата недела ослабе за пет отсто.

Оваа голема пазарна економија во развој се проценува дека пораснала за силни 9,5 отсто во 2021 година, и покрај нестабилноста на пазарот во последните месеци, се вели во најновиот извештај на Светска банка за глобалните економски изгледи.

Сепак, Светска банка предвидува дека растот на бруто домашниот производ на Турција нагло ќе забави до два проценти оваа година и три проценти следната година. Во извештајот од јуни, меѓународната финансиска институција проектира раст на Турција од пет отсто во 2021 година и 4,5 отсто во 2022 и 2023 година.

Турската економија, вредна 720 милијарди долари, порасна за 0,9 отсто во 2019 година и 1,8 отсто во 2020 година, поради рецесијата предизвикана од валутната криза од една страна и пандемијата од друга страна.

Откако на крајот на декември лирата падна на рекордно ниско ниво од 18,4 лири за долар, претседателот Ердоган објави програма која има за цел да ги мотивира штедачите да не ги претвораат депозитите во домашна валута во странска валута.

За возврат, штедачите ќе бидат обесштетени за секоја загуба предизвикана од слабеењето на лирата.

Во вторникот, Турција ја прошири програмата за да вклучи корпоративни депозитни сметки, што, според Министерството за финансии, резултираше со привлекување речиси 108 милијарди лири (7,8 милијарди американски долари) на депозитните сметки на компаниите.

Клучни зборови

  • турска лира
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk