Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ТТК Банка: Приходите од каматите зголемени за 24 проценти

3 мај 2023 г.·2 мин читање·551 прегледи

Следете не на Viber

ТТК Банка АД Скопје ги остварува зацртаните приоритети. Постигнати се позитивни финансиски резултати со примена на одржливиот, ефикасен и традиционален деловен модел.

Со сопствениот начин на работа, Банката реализира нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 32,7 милиони денари или 530,2 илјади евра. Тоа се темели на оперативните приходи во износ од 2,04 милиони евра (126,3 милиони денари) и на оперативните трошоци од 1,5 милиони евра (93,6 милиони денари). Во истиот период исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесувала 244,8 лјади евра (15,1 милион денари).

Финансискиот резултат е 264,3 илјади евра (16,3 милиони денари), со што е надминато планираното ниво за крајот од првиот квартал.

Нето-приходите од камати се основната компонента во формирањето на вкупните приходи. Во првите сто дена достигнале ниво од 1,1 милион евра (73 милиони денари), при што бележат пораст од 24,1 насто во однос на истиот период од претходната година.

Од провизии и надоместоци за услуги нето-приходите изнесуваат 695,6 илјади евра (42,9 милиони денари). Во овој сегмент значајно е учеството на провизиите од домашниот платен промет, како и тие од работењето со картички, кои бележат пораст. Нето-приходите од курсни разлики се 55,1 илјада евра (3,4 милиони денари) и бележат годишен раст од 12,6 насто. Пад од 70,6 отсто има кај останатите приходи, кај кои е евидентирана сума од 102,1 ијада евра (6,3 милиони денари).

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 1,5 милиони евра или 93,6 милиони денари и се за шест насто повисоки во однос на споредбениот период.

Од ТТК Банка, согласно актуелната клима, која најавува предизвици, посочуваат дека и понатаму внимателно ќе ги анализираат тековните макроекономски параметри, ќе ги следат мерките, активностите и предвидувањата на економските авторитети и на носителите на економските политики и ќе го приспособуваат работењето со пазарните услови. А, во центарот на вниманието се одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Клучни зборови

  • прв квартал 2023
  • ттк банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk