Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

ТТК Банка АД Скопје во поддршка на културата како спонзор на 61-то издание на „Охридско лето“

15 јул. 2021 г.·2 мин читање·2020 прегледи

Следете не на Viber

Во правец на својата посветеност за поддршка на развојот и афирмацијата на културните вредности, ТТК Банка и оваа година е спонзор на 61-то издание на реномираната културна манифестација „Охридско лето“.

На 12 јули на сцената на Античкиот театар се одржа свеченото отворање на 61-то издание на културната манифестација „Охридско лето“, со познатото руско балетско дело „Големиот Чајковски“. Големата возбуда на сцената пред фестивалската публика ја донесоа 90 уметници од Националната опера и балет, приближувајќи ѝ ја магијата што ја носи музиката, играта, природата, историјата и убавината на градот Охрид.

Во изминатите 60 години, фестивалот „Охридско лето“ се потврди како една од најзначајните домашни културни манифестации којашто истовремено ги одразува европските и светски културни текови. Во претстојниот период, до 20-ти август, на сцената ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет, со изведба на извонредни 34 уметнички концерти и 6 театарски претстави, а како потврда за квалитетот, големината и препознатливоста на оваа манифестација.

Публиката ќе има можност да ужива во богатата уметничка програма на повеќе сцени како што се Античкиот театар, предворјето на Света Софија, Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев’’. За времетраењето на фестивалот ТТК Банка ќе реализира промоции каде што корисниците ќе може да се информираат за производите и за услугите на Банката и да добијат летни промотивни подароци.

ТТК Банка како банка со традиција и искуство, од една, и иновативност и ентузијазам, од друга страна, успешно имплементира стратегија за општествена одговорност споделувајќи го својот успех со пошироката заедница преку поддршка на активности коишто претставуваат вистинска вредност.

Клучни зборови

  • Охридско лето
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk