Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир

24 дек. 2021 г.·2 мин читање·3416 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување даде поддршка на Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“-Чаир, со донирање на гинеколошки кревет за третман и преглед, со цел да и овозможи на оваа здравствена установа да ги унапреди условите за работа, како и да ја подобри услугата, којашто болницата ја обезбедува за своите пациенти.

“Превентивата во секој сегмент од нашиот живот е приоритет за нас во Триглав Осигурување. Сметаме дека таа придонесува кон побезбедна иднина за сите нас, иднина, за која што можеме да планираме и да сонуваме. Токму затоа, нашиот фокус на здравственото осигурување, посветеноста и промоцијата на здрав начин на живот и воопшто, подобрувањето на условите во здравството е од толку големо значење. Искрено се надеваме дека со оваа донација придонесовме кон подобар квалитет на услуги на болницата, и секако ќе продолжиме и натаму да го помагаме овој витален сегмент од нашето општество”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

“Не помалку значаен е фактот дека со обезбедување на нов гинеколошки кревет за третман и преглед на одделот за ургентна гинекологија, одделот ќе може да ја покрива патологијата која ја третира и во вечерните часови, не префрлувајќи ги тогаш пациентките за евалуација на оперативниот оддел. На тој начин ќе се намали раздвижувањето на пациентките, што во услови на пандемија е исклучително важно, ќе се намали вознемиреноста и ќе се обезбеди поголема дискретност за пациентките и конечно, ќе се почитува и принципот на немешање на патологија меѓу одделенијата. Со обезбедувањето на овој стол, непречено ќе можат да се изведуваат голем број на  дијагностички и терапевтски постапки”, изјави во оваа прилика Д-р.сц.мед Башким Исмаили, директор на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир.

ПР Објава

Клучни зборови

  • донација
  • Ѓорѓе Војновиќ
  • Триглав осигурување АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk