Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Тренчевска: Новата методологија за плати до крајот на годината

14 јул. 2022 г.·2 мин читање·1151 прегледи

Следете не на Viber

Новата методологија за плати во јавниот сектор ќе биде резултат на јавна дебата која допрва ќе се отвори, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

Таа се очекува да биде усвоена најдоцна до крајот на годината, а според најавите, ќе се применува од 1 јануари 2023 година..

Годинава, јавниот сектор, ќе треба да се задоволи само со К-15, но и тој нема да го добијат сите во јавниот сектор, туку само вработените во државната администрација..

„Во буџетот е планиран К-15 но за не станува збор за 138 илјади вработени, туку за околу 11 илјади вработени во државната адмнистрација, останатите се дел од јавните претпријатија и општинска администрација, Парите се во рамки на секое министерство, а правото на исплата на регрес за годишен одмор најчесто се исплатува до крајот на годината, така што секоја институција внатре во својот буџет ќе си направи релокација и ќе ги исплати потребните средства согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ“- Јованка Тренчевска, Министерката за труд и социјална политика.

Лидерот на ССМ, Дарко Димовски, вчера рече дека никој досега не претставил нацрт-верзија од методологијата која Владата ја понуди како системско решение наспроти барањето на синдикатот за линеарно зголемување на платите од 2806 денари.

Затоа од ССМ најавија дека пдготвуваат колективната тужба до домашните судови, а претставки ќе се пратат и до народниот правобранител и Комисијата за заштита при дискриминација. Коментирајчи го потегот на ССМ да ја тужи државата пред домашните и меѓународните судови, Тренчевска рече дека Правото да поднесе тужба има секој, но не гледа суштина во неа..

Клучни зборови

  • Дарко Димовски
  • Јованка Тренчевска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk