Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Трендафилов од ССМ: Министерот за финансии разбра што зборуваме, затоа и не повика на средба

4 јул. 2023 г.·3 мин читање·987 прегледи

Следете не на Viber

Министерот за финансии сигурно не слушна и разбра што зборуваме. Затоа и не повика на средба, односно предложи почесто да се среќаваме и да разговараме, не само во рамките на Економско-социјалниот совет, изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

Изјавата ја побаравеме откако во јавноста се доби впечаток дека меѓу ССМ и властите има некое не(до)разбирање по вчера одржаниот состанок на ЕСС, особено што повторно се споменаа нивните зголемени примања. И вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, регираа како да не седеле на иста маса со синдикалните претставници, што се толкува како типична реакција на политичари.

И двајцата изразија чудење за можноста од 14-процентно зголемување на платите во јавниот сектор, заедно со оние на функционерите, но откако претходно ќе се откажат од овие 78 насто што ги добија со помош на Уставниот суд.

„Јас не знам од каде 14 проценти, кога досега не се разговараше за 14 проценти. Се разговара за систем за плати кој ќе одговара на сите. Да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8 насто, кај некој е дури и 16 проценти. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет да се најде системско решение.

Ова го слушнавме и вчера, само од вицепремиерот Битиќи.

„Не знам од каде се излезени 14-те проценти. На Економско-социјалниот совет, во помал состав, без работодавачите, зборувавме за методологијата за платите во јавниот сектор која се обидувавме да ја усогласиме. Методологија базирана на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека платите на функционерите, 1.060 наспроти 136.000, не е работа на дискусија“, рече вицепремиерот.

Трендафилов го повтори предлогот, кој би требало да се применува до 2025, кога ќе стапи во сила новата методологија, а е со цел заштита на вработените во јавниот сектор и на нивните плати, кои во тој период не смеат да се обезвреднат од инфлацијата.

„Ланската инфлација да биде основниот параметар за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор. Зголемувањето од 14,2 проценти би го добиле сите вработени, заедно сосе функционерите и претседателот на држава. Само што дотогаш, функционерите ќе мора да ги вратат платите на нивото од пред одлуката на Уставниот суд“, вели синдикалниот лидер.

Воедно додава, се разговарало и за тоа како параметар да се земе процентот на зголемување на минималната плата од 12,55, или она на просечната плата од 10,9 насто.

„Решението, кое и да биде, ќе важи за сите. Значи, функционерите двојно ќе се офајдат доколку не отстапат од тие 78. Нема да дозволиме функционерските плати да растат на ваков начин“, нагласува Трендафилов, кој потврди дека сепак, има приближување во разговорите.

На утрешната средба во Министерството за финансии, министерот Фатмит Бесими треба да ги изложи пресметките за зголемување на платите и како Буџетот ќе го издржи тоа.

Клучни зборови

  • Јованка Тренчевска
  • Министерствo за финансии
  • Слободан Трендафилов
  • Фатмир Битиќ
  • Фатмит Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk