Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Трендафилов: Не е време за пикник и скара, време е за борба за работнички права

11 апр. 2025 г.·2 мин читање·2082 прегледи

Следете не на Viber

Денеска кога работниците се соочени со неизвесност за нивните работни места и исплата на нивните плати, кога не се почитуваат колективните договори за растот на платите, кога минималната плата (396 евра) е најниска во регионот, кога сите се против работниците ( вклучително и некои синдикати), денеска е време кога треба да се менува традицијата.

Денеска е време кога треба да покажеме дека сите заедно ќе се бориме за 500 евра минимална плата (за со 2 минимални плати да се покрие вредноста на Синдикалната минимална кошница), да се зголемат и останатите плати за најмалку 6.000 денари ( колку што за 1 година е зголемена вредноста на Синдикалната минимална кошница), вработените во јавниот сектор да добијат 12,6% раст на нивните плати согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор ( просечна плата по коефициент за сложеност, како за функционерите, така за работниците), да се врати правото на трошоци за храна и превоз за работниците ( затоа што 8.240 денари или 20% од просечната плата изнесува делот за храна на работа, а 5.000 денари за превоз доколку само од Куманово патувате на работа во Скопје и назад) !

Никој друг нема да се бори, доколку не се бориме заедно !

Време е да не зборуваме, туку да делуваме, време е да кажеме дека и во Македонија работникот се буди !

Борбата за плата и работнички права е чиста работничка борба и никој не треба да чека покана, секој треба сам да се покани и да дојде на 1 Мај, Работнички дом, Скопје, 11:00

Клучни зборови

  • 1 мај
  • протест
  • работнички права
  • Слободан Трендафилов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk