Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Тодор Анѓушев: треба да се градат електрани од различни обновливи извори, наместо само фотоволтаични

18 јан. 2023 г.·2 мин читање·720 прегледи

Следете не на Viber

Македонија треба да гради што повеќе електрани од обновливи извори на енергија, но тоа да бидат различни извори, наместо само фотоволтаични електрани како што е состојбата во моментот, изјави Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комората.

На конференцијата на комората, насловена „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата”, Тодор Анѓушев предупреди дека моменталниот тренд на приватните инвеститори да градат пред се електрани на сончева енергија, може по одреден период да биде неисплатливо и да не одговара на потребите на системот и потрошувачката на пазaрот.

„Во моментот има интерес за изградба на фотоволтаични електрични централи со инсталирана моќност од околу 7 GW, што е многу. Северна Македонија треба да спроведе паметна стратегија и да се стимулираат инвестиции во обновливи извори кои евентуално би можеле да обезбедат базна енергија која е многу важна. Хидроелектрани, кои неоправдано се најдоа на удар како проект, потоа биогасни електрани, гасни, како и учество во некој регионален проект за нуклеарна електрана“, нагласи  тој.

„Многу е важно што побргу да се изгради Чебрен, бидејќи тој е исклучително важен енергетски објект и е електрана од огромен интерес за Македонија и за регионот бидејќи е ревирзибилна електрана”, порача во своето излагање Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација  и управител на  „Мали хидро електрани” ДОО Скопје и на ЕМС ДОО (Energy Maintenance Solutions), членки на групацијата Феро Инвест.

Анѓушев укажа и дека за побрзо градење електрани од обновливи извори потребно е државата да ги олесни процедурите и да ја подобри регулативата.

Клучни зборови

  • Тодор Анѓушев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk