Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТЕТЕКС ШИЕ ПРОФИТ: Во првите девет месеци од годинава со дуплирана добивка

26 окт. 2021 г.·2 мин читање·1818 прегледи

Следете не на Viber

Тетекс АД Тетово за периодот Јануари-Септември 2021 година оствари добивка на износ од 81.464 илјади денари, наспроти оперативната добивка од 48.358 илјади денари во истиот период минатата година.

За периодот Јануари-Септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех. Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 35.837 илјади ден, и истите се  резултат од редовното работење; во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

Во останатите оперативни приходи е вклучена продажбата на недвижност во износ од 24.080 илјади. За тековниот период се евидентирани финансиски приходи од  примени дивиденди во износ од 66.471 илјади; додека финансиските приходи од примени дивиденди минатата година изнесуваа 41.560 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2021 година изнесуваат 40.388 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 53 %.

Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД , во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Клучни зборови

  • добивка
  • Приход
  • профит
  • тетекс
  • Тетекс АД Тетово
  • Финансиски извештај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk