Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Телма: Сопственици на банка во Македонија откриени во оф-шор компании во Пандора документите

15 окт. 2021 г.·3 мин читање·4675 прегледи

Следете не на Viber

Двајца сопственици на УНИ банка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт bird.bg од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Минов кои имаат по 36,45 % од  сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија.

Двајцата се квалификувани акционери. Повикувајќи се на документи од Пандора, бугарските банкари имале регистрирано офшор компании преку Тридент од Британските девствени острови. Фирмите поврзани со нив земале кредити од Првата инвестициска банка, банка во Бугарија во која исто така сопственост имаат Мутафчиев и Минов.

Во истражувањето е откриено дека покрај нивните фирми, кредити од банката земале и оф шор компании кои се во сопственост на кипарски Грк, а се поврзани со истите бугарски банкари.

Од Првата инвестициска банка на бугарските медиуми им одговориле со демант дека сето банката постојано била и под домашна и под европска супервизија која не утврдила никакви неправилности со податоците кои според нив се стари, добро познати, а дури сега објавени со проектот Пандора.

Наведено е и дека европските регулативи не забрануваат оф-шор компании да имаат сопственички удели во банки во државите од Европската Унија. И македонскиот банкарски сектор работи според истите ЕУ регулативи, а од народната банка не прецизираат официјално дали ќе го истражуваат случајот туку само посочуваат што е дозволено за да се стане сопственик на банка.

-Критериумите за акционер со квалификувано учество во банка се определени во Законот за банките и тие во целост се усогласени со регулативата на Европската Унија. Акционери во банка со квалификувано учество  можат да станат исклучиво правни и физички лица коишто ги исполнуваат овие  критериуми. Согласно со европската и нашата регулатива, не постои експлицитен критериум којшто забранува акционер со квалификувано учество да поседува офшор компанија, но во постапката на лиценцирање се цени исполнување на многу критериуми. Потсетуваме дека во нашата земја нема банка во којашто акционер со квалификувано учество е офшор компанија, ни одговорија од Народната банка на РСМ.

Пандора документите, последниот проект на новинарскиот истражувачки конзорциум открива многу политичко-бизнис шеми со оф шор компании низ целиот свет. За Македонија е наведено дека има две оф-шор фирми поврзани со сопственици од Македонија, но други детали не се наведени.

Новинар: Миомир Серафиновиќ

Извор: Телма ТВ

Клучни зборови

  • пандора
  • пандорини документи
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk