Твитер ќе идентификува ботови

1 мин читање1488 прегледи

Твитер сака да го реши проблемот околу ботовите на својата мрежа, па во иднина ќе ги означува.
Твитер тестира нова опција, па од сега ботовите ќе се означуваат и така луѓето полесно ќе ги идентификуваат тие налози.
Од сега на ботовите на профилите ќе им пишува „Automated“ и покрај тоа ќе биде напишано кој е задолжен за профилот на ботот.
Така корисниците ќе знаат за што станува збор и со кого комуницираат.
Секако, ќе бидат означени само оние профили кои се користени од страна на девелопери и кои се корисни,
Сите девелопери до крајот на годината ќе добијат ознаки на своите бот профили.