Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Таблети за најдобрите студенти на Педагошки факултет од СН Финансиско друштво

2 јул. 2021 г.·2 мин читање·1618 прегледи

Следете не на Viber

СН финансиско друштво подари таблети за студенти од Педагошкиот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, кои немаат можност да ја слушаат наставата електронски за оваа академска година.

Целта беше да се обезбедат услови за следење на онлајн настава на сите студенти, а таблетите се доделуваат на оние студенти кои имаат ниски примања во семејствата, a покажале добар успех и не се во можност да ја следат наставата електронски.

На оваа донација ѝ претходеше конкурс распишан од страна на факултетот на кој имаа право да учествуваат сите редовни студенти.

“Го цениме знаењето-вложуваме во образованието. Под ова мото започнуваме активности како општествено одговорна компанија насочени кон унапредување на квалитетот на високото образование, но и социјална инклузија на студенти со одлични резултати, а помали финансиски семејни можности. Ставивме приоритет на вложувањето во образованието за периодот што доаѓа и ова е само вовед во многу следни наши активности” – истакна Никола Јошевски, директор на СН финансиско друштво кој ја предаде донацијата на Педагошкиот факултет на Искра Талевска – Претседател на Факултетското Студентско Собрание на Педагошки Факултет Битола. “Како студенти, во текот на оваа година, се соочивме со многубројни предизвици, од кои еден беше електронското одржување на настава и полагање на испити. Па затоа, им благодариме на SN Финансиско друштво за нивната поддршка со оваа донација, која значително ќе им помогне на студентите кои имаат ваква потреба во текот на нивните студии”-истакна таа. На чинот на предавање присуствуваше и деканот на Педагошкиот факултет проф. д-р Добри Петровски кој изрази благодарност за оваа донација која е редок пример која доаѓа за овој факултет од бизнис секторот.

Клучни зборови

  • подарок
  • СН финансиско друштво
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk