Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Студентски пакет „За чиста 10-ка“ на Халкбанк со низа бенефиции за идните академски граѓани

6 окт. 2022 г.·3 мин читање·5113 прегледи

Следете не на Viber

Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк креираше нов производ наречен „За чиста10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги кој на идните академски граѓани им нуди низа поволности и бенефиции. Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.

Со ексклузивниот пакет „За чиста 10-ка“ секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува  готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон. Мобилната апликација HalkPay нуди и преглед на извршени трансакции и поддржува 4 различни јазични верзии (македонски/англиски/албански/турски).

Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат  часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник.

Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ е препознатлива на пазарот како општествено одговорна компанија посветена кон зголемување на општото добро, за луѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста  и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Халкбанк е и еко ориентирана компанија која применува бројни еко политики и реализира активности во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина.

Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.

Клучни зборови

  • Visa PayWave
  • бенефиции
  • За чиста10-ка
  • Студентски пакет
  • Халк банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk