Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стратегиските планови за долгорочен раст на Шпаркасе Банка поддржани со нова докапитализација во износ од 20 милиони евра

30 сеп. 2022 г.·2 мин читање·1324 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка продолжува да ја зацврстува својата капиталната позиција како значајна мерка за поддршка на планираниот развој во делот на кредитниот раст. Со одлука на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка, Банката го зголеми основниот капитал за нови 20 милиони евра.докапитализација

Капиталот делува како регулатор во креирањето на долгорочните цели на работењето, како и значаен инпут при креирањето на стратегиските цели за преземање поинтензивни кредитни активности. Секако, значајна придобивка од капиталното зголемување е и подобрувањето на структурата на изворите на финансирање, бидејќи нуди можности за намалување на трошоците на финансирање, а со тоа и позитивен ефект на профитабилната позиција на Банката.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата континуирано ја докажува својата стратегиска определба за долгорочно делување во регионот и во Република Северна Македонија, со перманентни инвестиции за поддршка на кредитниот раст на Банката преку реинвестирање на добивката во сите претходни години од работењето како и повеќекратни докапитализации. Сето ова заборува за исклучителна посветеност во исполнување на зацртаните стратегиски цели за значаен раст и развој и зајакнување на пазарната позиција.

Шпаркасе Банка останува посветена на обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти преку разбирање на нивните потреби, понуда на конкурентни производи, унапредување на процесите и постојано инвестирање во технологијата и дигитализацијата, опслужувајќи во моментов повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Клучни зборови

  • докапитализација
  • долгорочен раст
  • план
  • стратегија
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk