Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски, проблемите во град Скопје ќе се надминат

31 окт. 2025 г.·2 мин читање·297 прегледи

Следете не на Viber

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош, и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни”, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.

Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе осум години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.

„Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за четири години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и почувствуваат дека има град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено се како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме”, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на град Скопје.

„Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за да никогаш повеќе ова не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми коишто ги имаат граѓаните на Скопје. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање на сето она коешто се случуваше беше што потоа од 3 ноември понатаму, и сме многу подготвени за тоа што следува од тој момент”, дециден е Стојаноски. 

Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk