Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Стопанска банка АД – Скопје започнува со социјални исплати за месец декември 2021

3 јан. 2022 г.·2 мин читање·2546 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека на 3. 1. 2022 (понеделник) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

Готовинска исплата  во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 3-ти јануари (понеделник) и 4-ти јануари (вторник) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

  • 3. 1. 2022 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
  • 4. 1. 2022 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец, апелираат од банката.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:

•    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
•    Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри

Клучни зборови

  • детска заштита
  • парични средства
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk