Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка од „Еуромани“

15 јул. 2022 г.·2 мин читање·1506 прегледи

Следете не на Viber

Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Еуромани“ кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените. Стопанска банка е добитник на наградата за најдобра банка според прикажаните врвни резултати во секоја област на работењето за оценуваниот период од април 2021 година до март 2022.

Според „Еурoмани“, Стопанска банка постигнала најдобри финансиски резултати во силната конкуренција на домашниот банкарски сектор. И покрај континуираните инвестиции на банката во дигиталното банкарство, таа успева да ги ограничи трошоците и да постигне балансиран раст. Во своето образложение, „Еуромани“ истакнува дека со Диомидис Николетопулос како генерален извршен директор, Стопанска банка акумулирала доволно капитал и ликвидност и може да се пофали со највисок пазарен удел во кредитирањето, особено следејќи го интензивниот пораст во корпоративниот сегмент изминатите години.

Свечената статуетка за најдобра банка во име на Стопанска банка ја примија Илиас Пападопулос, Сениор директор за управување со кредитен ризик и Дејан Крстевски, Директор на секторот за мали компании, кои беа дел од свечениот настан во Лондон.

– Тоа што Стопанска банка е годинашен добитник на престижната награда Euromoney Awards for Excellence претставува потврда за нашата континуирана работа, надградба и посветеност кон нашите клиенти, нашите вработени и кон заедницата, дури и во услови на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Исклучително сме горди на целиот наш тим кој со своето посветено залагање континуирано придонесува за позитивните резултати на Банката, но и бескрајно сме им благодарни на нашите клиенти за долгогодишната доверба. Покрај тоа што ни претставува гордост, оваа награда за нас е и заложба да продолжиме заедно кон уште поголеми успеси – вели Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.                                                          

Клучни зборови

  • Euromoney
  • награда
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk