Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Стопанска банка АД – Скопје го одбележа „Денот на штедење“ со зелена акција

31 окт. 2021 г.·3 мин читање·1563 прегледи

Следете не на Viber

Оваа година Стопанска банка АД – Скопје одлучи „Денот на штедење“ да го прослави на „зелен“ начин, користејќи ги овие ретки сончеви денови за убава акција. Имено, како што е познато, Банката преку проектот „Вози право, вози здраво“ изгради на 2 локации во Скопје вело содржини кои ентузијастички се користат од децата и младите.

Поради covid-19 рестрикциите овие 2 години Стопанска банка АД – Скопје не беше во можност да ги спроведе своите популарни масовни настани и целиот фокус на општествено одговорните активности беше насочен кон здравствениот систем и предизвикот во борбата против ковид. Но, тоа што Банката сака сега да го направи е на скромен начин да потсети дека се грижи за животната средина и за нашето непосредно окружување, па затоа се организираа за раззеленување и разубавување на двете вело локации СТБ Детскиот велодром  и во Градски Парк околу ТОПСИ pumptrack каде се садеа цвеќиња и дополнително зеленило (грмушки и дрвца)

Пораката зад овие активности е дека секоја инвестиција има свој плод за подобра иднина, а и дополнителната симболика во тоа да гледаш како твојата инвестиција расте и дава плод/цвет.

Без оглед дали е тоа инвестиција во пари, имот или во поздрава животна средина, потребно е да се размислува на иднината и да се создаваат здрави навики. Ако секое дете што ќе насади цвеќе, дрвце или грмушка почуствува дека направило нешто корисно за сопствената и за иднината на своите најблиски, Стопанска банка АД – Скопје ќе знае дека ја постигнала целта.

Повеќе фотографии од настанот [ Т У К А ]

Клучни зборови

  • волонтерска акција
  • Денот на штедење
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk