Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Стипендии и вработување во Макстил за сите идни студенти на Технолошко-металуршки факултет

9 јун. 2022 г.·2 мин читање·993 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата Макстил доделува стипендии за студирање на Технолошко-металуршки факултет во академската 2022/23 година. Стипендиите се однесуваат на додипломските студии, го покриваат целото школување во траење од 4 години и се наменети за студентите кои ќе се запишат на насоката за Металургија, дизајн и менаџмент. Подетални информации околу студиите може да се добијат на линкот.

Стипендиите, во вкупна вредност од 115.000 денари по студент годишно, ќе се примаат во текот на академската година во траење од 10 месеци по 10.000 денари месечно и еднократно по 15.000 денари за почеток на секоја учебна година.

Освен стипендирањето, студентите – корисници на стипендија добиваат пракса во Макстил, а потоа и вработување во компанијата.

Изборот на студенти за добивање стипендија се прави врз основа на запишаните студенти и критериумите за упис на Факултетот. Подетални информации за условите за добивање стипендија и аплицирање може да се добијат со испраќање порака на мејлот kariera@makstil.com.mk.

Макстил доделува стипендии за студентите на ТМФ секоја година, како дел од соработката со факултетот.

Резултат на истата соработка е и финансиската поддршка од страна на Макстил за отворање на првата Ино фаб лабораторија за производство и прототипирање во Македонија каде студентите ќе разработуваат иновативни идеи и ќе ги реализираат до фаза на прототип. Ино фаб лабораторијата е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали.

Клучни зборови

  • вработување
  • макстил
  • Стипендии
  • Технолошко-металуршки факултет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk