Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ССК и Prime Blue Institute со поддршка за фирмите за воведување на стандарди за одржливост

4 апр. 2023 г.·3 мин читање·4276 прегледи

Следете не на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија и институтот „Prime Point Partners” потпишаа Договор за стратешка соработка со цел обезбедување на поддршка на реалниот сектор за имплементација на Глобалните целите за одржлив развој на ООН (Sustainable Development Goals  – SDGs) и ESG стандардите кои се однесуваат на еколошките, социјалните и управувачките аспекти на корпоративниот менаџмент и раст. Договорот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на „Prime Point Partners”  Зоран Мартиновски. Со реализација на заеднички мерки и активности ќе се работи на презентирање на предностите за компаниите од воведувањето на практики за добро еколошко, општествено и коорпоративно управување во своето работење, како и можностите за нивно поголемо насочување кон одржливи концепти за раст и развој на бизнисите, со посебен фокус на малите и средните претпријатија.

„Оваа заедничка иницијатива ќе има за цел да ја подигне свеста за важноста на Глобалните цели за одржлив развој на ООН, да ја зајакне културата на одржливост, да ги зајакне капацитетите на компаниите и да го олесни пристапот до зелените фондови за финансирање за малите и средните претпријатија. Тоа ќе вклучува серија настани и обуки поврзани со SDGs и ESG теми, вклучувајќи управување со ризик, правна регулатива, транспарентност, климатски промени, родови прашања, а ќе се насочиме и кон институционално и одржливо зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел обезбедување на подобра поддршка за неговите членови”, истакна Ангелоски.

Програмата ќе биде организирана како дел од пошироката ESG иницијатива имплементирана од PrimeBlue ESG Institute, гранката за развој на одржливост на PrimePoint Partners. „Усвојувањето на здрави ESG практики од страна на локалниот приватен сектор ќе биде од суштинско значење за поттикнување на одржливиот долгорочен раст, обезбедување на издржливост на локалниот приватен сектор и имплементација на Глобалните цели за одржлив развој на ОН во Северна Македонија”, рече Зоран Мартиновски, претседател на Prime Point Partners и PrimeBlue ESG. 

Глобалните цели за одржлив развој се универзален повик за акција, за ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и обезбедување на мир и просперитет, а како приоритети се адресираат и климатските промени, економската нееднаквост, иновациите, одржливата потрошувачка, право и правда. Овие цели треба да бидат постигнати до 2030 година и треба да бидат имплементирани од страна на сите земји – членки на ООН. ESG стандардите пак покажуваат колку добро една компанија функционира во однос на нејзините социјални и еколошки одговорности низ нејзиниот синџир на снабдување и операции – наспроти гледањето на поширокиот контекст на човековите права. 

Со оваа и други активности Сојузот на стопански комори континуирано ја поддржува националната имплементација на Глобалните цели за одржлив развој. Сојузот исто така презема активности и го следи напредокот кон остварување на овие цели за одржлив развој, обезбедува поддршка за политики, истражувања и асистира во управување со знаењето за целите.

Клучни зборови

  • Prime Point Partners
  • Зоран Мартиновски
  • Сојузот на стопански комори на Македонија
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk