Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ССКМ – Поддршката на мали и средни компании со поволни кредити, ќе биде двигател на целокупната економија

21 фев. 2025 г.·3 мин читање·1914 прегледи

Следете не на Viber

Денес во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа средба помеѓу Претседателот Трајан Ангелоски и раководството на оваа Комора и Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на која стана збор за потребата од поддршка на домашните мали и средни претпријатија за нивниот иден развој.

“Владата, како што е веќе познато, обезбеди 250 милиони евра поволни средства од  унгарската Експорт-импорт Банка, со цел да ги поддржи домашните компании, особено во неизвесни услови на глобално ниво. За таа цел веќе ги дефиниравме условите и средствата се веќе достапни на компаниите. Тие средства се значаен поттик за реализација на инвестиции од страна на малите и средни претпријатија, кои се двигателот на нашата економија, а особено што условите под кои се пласираат преку банките, а кои Владата ги договори претходно, се поповолни од оние што се нудат од деловните банки. За истакнување е дека покрај ниската каматна стапка, значаен е и рокот на отплата до 15 години и грејс период до 3 години што ги охрабрува особено малите и средните претпријатија да влезат во реализација на посериозен инвестициски проект”, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриоска-Кочоска.

Таа додаде дека средствата се веќе достапни и дека најважно е компаниите да подготват проекти и да аплицираат за поддршка. Со тоа ќе обезбедат средства за својот развој и за поттикнување на економската активност во целина.

“Сојузот на стопански комори (ССК) го смета унгарскиот кредит за еден од најповолните, обезбедувајќи значајна поддршка за бизнисите овозможување нов квалитетен инвестициски циклус. На средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска беше договорено бизнис-секторот да подготви листа со царински стапки за нивно усогласување со европските стандарди.Побаравме даночните процедури да се поедностават, и за царинските стапки кои треба да се хармонизираат, наидовме на големо разбирање”, изјави претседателот на ССК Трајан Ангелоски, на заедничката прес-конференција.

ССК го повтори својот став дека данокот за солидарност беше неоправдано воведен и нагласи дека ја ценат проактивноста на Владата во однос на ова прашање.

На средбата беше заеднички контатирано дека вакви средби на кои се споделуват информации за мерките на Владата се особено важни што на компаниите им дава насоки за условите за работа во иднина и дека овие средби се исто така можност да се разговара за одредени прашања кои претставуваат бариери во работењето на компаниите.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриоска-Кочоска
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk