Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средби со ММФ: Народната банка дава соодветен одговор на економските предизвици

27 апр. 2022 г.·2 мин читање·4414 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка преку своите политики дава соодветен одговор на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.  Како последица на овие случувања присутен е продолжен и остар раст на глобалните цени на енергијата и храната, што делува на домашните цени и инфлациските очекувања. Од тие причини, Народната банка соодветно реагира со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. За целиот овој период задржана е стабилноста на курсот на домашната валута, што со децении е сидро на стабилноста на домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови.

Овие поенти беа истакнати на состаноците кои во текот на вчерашниот ден делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими ги имаа со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тие се одвиваат во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, кои се одржуваат во Вашингтон. Делегацијата оствари одделни состаноци со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со шефицата на мисијата на ММФ, Бергљот Баркбу.

Потврда за добрите економски политики, стигна и преку препораката на ММФ нашата земја да добие пристап финансиски средства во рамки на Кредитната линија за ликвидност и претпазливост (Precautionary and Liquidity Line – PLL). Ова е видливо од самата природа на финансискииот инструмент кој се става на располагање само на земји со здрави економски фундаменти и кои практикуваат – и се очекува да практикуваат, здрави економски политики, што во основа се согледувањата на ММФ и за нашите макроекономски услови и начинот на спроведување на монетарната политика. При самиот процес на одобрувањето на овој инструмент, освен што земјата треба да има генерално позитивни оцени при последната мисија на Фондот, исто така, дополнително се врши оцена на стабилноста на надворешната позиција, на монетарната политика, на фискалната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор, како и соодветноста на статистичките податоци. Доколку по било која од овие категории земјата има значителни ранливости, тогаш таа не може да добие пристап до овој инструмент.

Клучни зборови

  • Алфред Камер
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Бергљот Баркбу
  • Лук Дресе
  • ММФ
  • Пол Хилберс
  • Светска банка
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk