Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

1 мин читање31 прегледи

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.
За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот.

Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем.
Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана.
Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на